Девојчето од предградието на Гвадалахара во мексиканската сојузна држава Халиско, кое го привлече вниманието на светската јавност со породувањето на девет годишна возраст, никогаш повеќе нема да стане мајка, бидејќи лекарите кои ја породиле потоа ја стерилизирале. Нејзината мајка, која не ја одобрила оваа постапка, ја пријавила болницата Зочипан во Гвадалахара на тамошната комисија за човекови права и истрагата е во тек.
Девојчето по име Дафне, во меѓувреме ја напушти болницата со здраво женско бебе и се вратила во станот на семејството. Но, откако дознале дека градоначалникот и полицијата сакаат да ги посетат, целото семејство избегало од станот и исчезнале во непознат правец.
Полицијата во моментов испитува ДНК на сите машки роднини на Дафне, а пред се на нејзиниот очув, кој веќе бил во затвор за сексуална злоупотреба на својата биолошка ќерка, за да се утврди дали некој од нив е татко на нејзиното дете.
Полицијата, исто така, е во потрага по нејзиното “момче, на возраст помеѓу 15 и 17 години, а кој во меѓувреме, исто така избега и никој не знае каде се наоѓа.
На таткото на детето, во секој случај му следи кривично гонење, бидејќи по мексиканскиот закон, секс со малолетник под 15 години претставува кривично дело, без оглед на тоа дали постоела согласност.
Соседите тврдат дека не им е ни малку жал што семејството се отселило, бидејќи привлекувале внимание со неуреден живот и постојани караници.
Очувот, кој бил осудуван за сексуален однос со неговата биолошка ќерка, спиел во креветот со Дафне
Дафне има 10 браќа и сестри, мајка и е неписмена и според тврдењето на соседите, се занимавала со проституција, додека очувот веќе е осудуван за сексуален однос со својата биолошка ќерка, а со Дафне спиел во ист кревет и често се расправал со неа и ја тепал, понекогаш дури и на улица.
За самото девојче соседите велат дека е “многу добри и убава” и дека верувале дека има околу 15 години, бидејќи е доста висока и изгледа многу постара отколку што е.
Своеврсен куриозитет претставува тоа, дека и самата го добила изводот пред нешто повеќе од една година, кога се обидела да се запише во училиште.
Во меѓувреме, сепак, не се школувала, туку додека другите членови на семејството заработувале за живот, таа останувала дома, го водела домаќинството, готвела за целото семејство, а излегувала само за потребните набавки.