ГДУ: Прислушувањето на обвинителството е премногу сериозна работа за да се шпекулира, мора да има лоцирање на одговорноста

Од:

„Ефикасна истрага и одговорност за скандалот со прислушувањето на обвинителите мора да има.

Кој ги поставил уредите, точно кога, со која цел, дали некој бил во тек со обвинителските истраги и дали јавните обвинители биле уценувани со прислушувани разговори?

Државниот обвинител Љубомир Јовевски во петокот го обелодени скандалот дека откриле дека во склоп на телефонската централа имало два хард диска на кои биле снимени телефонски разговори направени преку фиксните телефони во обвинителство од 30 септември 2016 година па до сега.

Премиерот Заев пак ја нафрли и информацијата дека освен обвинителите, биле снимани и судии.

Еден ден после тоа обвинителството испрати соопштение во кое вели дека постоеле индиции дека прислушувањето траело од 2013та.

Се јави и министерот за внатрешни Спасовски, кој во обраќањето до јавноста ја спомена истата година.

Јавноста дополнително ја збунија СДСМ и ДПМНЕ со меѓусебните обвинувања кој прислушувал.

Но, ова е премногу сериозна работа за да се шпекулира.

Јавноста мора да знае од која година се прислушува, зошто Јовевски прво кажа од 2016та, па обвинителството го доплни дека можеби се прислушувало од порано? Дали и судиите се прислушувани? Ако МВР имала шест месеци сознанија, што правел Спасовски пола година?

Не префрлање на одговорност, туку лоцирање“ се вели во соопштението на ГДУ.

Би можело да ве интересира

Двајца браќа и нивен пријател се осомничени за убиство во Скопје

Обвинителството отвори предмет за деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир

Ако Арсовска има сознанија за криминал, има обврска тоа да го пријави, велат од ОЈО

Обвинителството бара осудителна пресуда и конфискација на имотот на обвинетите во случајот „Адитив“

Обвинителството поднесе жалба барајќи ефективен притвор за поранешните директори на Онкологија

Обвинителството бара замена на мерката „притвор“ со „куќен притвор“ за поранешен министер за економија и државен секретар за трагедијата во Кочани