СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да одговарат за нивната улога во нелегалното прислушување

Од:

„Пионот на Никола Груевски, антизападниот Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да одговорат за нивната улога и дејствијата во нелегалното прислушување, особено за информациите кога оваа опрема била инсталирана.

Мицкоски треба да одговори и за неговата улога во власта во 2016 година кога бил генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ но и претходно, кога му бил лева рака на Груевски како Советник во неговиот кабинет.

Скандалот со прислушување на Јавното обвинителство уште еднаш покажува на каков начин функционирал режимот на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ со години нелегално прислушуваше десетици илјади граѓани, а во 2013 година опрема за прислушување била поставена и во просториите на Јавното Обвинителство.

Токму во тоа време, во време кога кулминира најголемиот скандал со нелегално прислушување во историјата на Европа, Христијан Мицкоски бил советник и десна рака на Никола Груевски, и оттаму, оправдани се прашањата на јавноста која била улогата на Мицкоски во скандалозното и незаконско прислушување.

Истрагата започната од надлежните институции ќе открие кој ја купил, поставил и користел опремата за прислушување, поставена уште во 2013 година.

Штетите направени од криминалното ВМРО-ДПМНЕ оставија тешки последици кои не можат да се отстранат преку ноќ, но инситуциите започнаа со остранување на остатоците од криминалниот режим на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски.

Остатоците од режимот на Груевски ќе бидат отстранети од сите пори на институциите.

За овој случај одговороност ќе има“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветаноски: Македонија е претпоследна во Европа по висина на минимална плата, зад нас е само Албанија

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Инсталациите на СДС во правосудните органи, повторно одработуваат за услугата што се избрани

СДСМ: Македонија претпоследна во Европа по минимална плата

А1он

(ВИДЕО) Мицевски: Колашинац не е било кој бизнисмен, со Филипче и браќата Заеви се журкаше во Дубаи

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже, Филипче ниту го поседува ниту го поседувал возилото Ауди