(ВИДЕО) Протест на „Македонија блокира“ пред Собрнието: Ќе останеме тука до Нова година

Од:

Кризниот штаб против промена на Уставот, зад кој стои партијата на Јанко Бачев „Единствена Македонија“ започна со протестите пред Собранието.

Пред законодавниот дом ечат патриотски песни, а собраните облечени во жолти елеци, бараат распуштање на власта. Велат дека ќе ја дочекаат и Новата година тука, додека не влезат во Собранието за да ги избркаат пратениците кои, како што велат, ја продаваат Македонија.

Организаторите на протестот упатија критики за двојната ограда што беше поставена на булеварот пред Собранието, а кажаа и дека била исклучена струјата.

– Се уклучивме на ГТЦ, но и од таму ни ја исклучија струјата. Отидовме во продавница купивме агрегат и сега имаме струја да зборуваме на говорница, кажаа на протестот пред Собранието.

Говорниците на протестот ги повикаа осумте пратеници кои ги поддржаа уставните измени да им се приклучат бидејќи, како што велат, немаат причина да стравуваат.

Околу Собранието се распоредени припадниците на полицијата, додека внатре се води дебатата за Уставните амандмани.

Би можело да ве интересира

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште