А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Се спроведува заедничка акција на институциите за решавање на проблемот со загадениот воздух

by А1он01/12/2018 - 09:37183
Share0

„После 11 години игнорирање се спроведува заедничка акција на институциите за решавање на проблемот со загадениот воздух.

Следете a1on на Instagram Instagram

Покрај системските мерки коишто се спроведуваат во Скопје, мерки за намалување на проблемот со загадениот воздух се преземаат и во другите градови.

АД ЕЛЕМ почна акција за пошумување на земјиштето околу РЕК Битола, каде на просторот помеѓу селата Новаци, Брод и Гнеотино ќе бидат засадени 50 илјади багремови дрва.

Целта е да создаде заштитен зелен појас за населените места, да се обезбеди што е можно повеќе услови за намалување на загадувањето и природни услови за прочистување на воздухот.

Следете a1on на Youtube YouTube

Дополнително, преземени се мерки за заштита на животната средина во делот на одлагањето, односно третирањето на пепелта со инсталацијата на систем за прскање на активното одлагалиште.

Следната година започнува да се заменуваат електростатските филтри кои не биле заменети од 1980 година. Со нивната замена обезбедуваме намалување на штетните емисиите, согласно Планот за чист воздух.

Преку Планот за чист воздух кој опфаќа низа на краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, интензивно се работи на намалување на загаденоста на воздухот во земјава која за две години се очекува да се намали за 50% во Скопје и 30-50% во другите градови.

Проблемот е сложен и долгогодишен и затоа неговото решавање е врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ“ се вели во соопштението на СДСМ.

sdsmzagaduvanje

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

Горан Наумовски22/07/2026 - 15:44

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

Горан Наумовски19/07/2026 - 20:44

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

Горан Наумовски19/07/2026 - 15:03

(ВИДЕО) Извештајот на ЕК е аларм за состојбите во правосудството, вели Наумоски

Горан Наумовски19/07/2026 - 11:19

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски19/07/2026 - 08:4919/07/2026 - 08:50

СДСМ: Дали Муцунски во Вашингтон кажа дека владата на ВМРО ја спроведува руската и кинеската агенда?

Горан Наумовски18/07/2026 - 17:1418/07/2026 - 20:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео