ВИДЕО: Француски новинар уапсен додека емитувал во живо од протестот во Брисел

Од:

Францускиот новинар Реми Бисон додека се јавуваше во живо од протестот на „жолтите елеци“ во Брисел беше приведен од полицијата.

Емитувањто во живо на интернет беше прекинато откако новинарот беше влечен околу една минута, иако се легитимираше со прес-карта, како и со лична карта. Пред новинарот да биде приведен тој успеа да покаже како група од сто демонстранти се опколени од белгиската полиција во центарот на Брисел.

Белгиската полиција денеска се судри со стотици демонстранти облечени во жолти елеци, кои го блокираа центарот на Брисел, протестирајќи поради високите даноци и трошоци за живот.

Како што јавија белгиските медиуми, до инцидентот дошло кога дел од учесниците на протестот почнале да фрлаат со камења и петарди кон полицајците, што го обебзедуваале собирот. На агресивното однесување на дел од демонстрантите, полицијата одговорила со водени топови и солзавец.

Според полициски извори, досега се приведени околу 60 демонстранти, поради „носење забранети предмети“.

Протестите почнаа мирно кога демонстрантите се собраа во близина на седиштето на Владата и Парламентот на Белгија, по што го блокираа го сообраќајот на неколку улици во центарот на Брисел.

Жолтите елеци станаа симбол на незадоволството од високите даноци, откако почнаа да ги носат учесниците на протестите во Франција.

Претсавник на брислеската полицијата соопшти дека белгискиот премиер Шарл Мишел најавил дека е подготвен да разговара со претставници на демонстрантите, но подоцна Владата го негираше тоа.

Покрај во Брисел, протест на „жолтите елеци“ се одржа и во близина на Шарлоа, кој се наоѓа 60 километри јужно од белгискиот главен град.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт