OJO испитува зошто обвинителите биле снимани

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје започна предистражна постапка по сознанија дека во периодот од 30.09.2016 година до денеска е снимана телефонската комуникација вршена преку фиксната телефонија во објектот на Јавното обвинителство.

„Имено, по првичните сознанија, снимањето се вршело на двата хард диска на телефонската централа сместена во просториите на Основното јавно обвинителство Скопје, Вишото јавно обвинителство Скопје и Јавното обвинителство на Република Македонија“, соопштија од ОЈО.

Оттаму додаваат дека ќе се утврдуваат сите аспекти од настанот, вклучувајќи проверка на тендерската документација за набавка на опремата, овластувањата за нејзино користење, како и дали, во колкав обем и за кои цели е вршена употреба на снимените податоци.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение за убиството на турски државјанин во Штип

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Лавов тврди дека пронашол уред за прислушување во својата канцеларија

Обвинителството денес започна истрага за опожарената фабрика во Виница

Мора да има одговорност за прислушкувањето, порача премиерот Мицкоски

Договорена динамика за увид во документацијата за наводите за незаконско прислушување

Пренџов бара комисиска расправа за АНБ, Реџепи не свикува седница бидејќи бил дискриминиран

Горан Наумовски