Димитров: Преку научените лекции со Бугарија и Грција да придонесеме за регионот

Од:

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вчера и денеска во Будва учествуваше на состанок на министрите за надворешни работи на Западен Балкан, во организација на МНР на Црна Гора.

На состанокот се разменија мислења во врска со состојбата во процесот на ЕУ и интеграцијата на земјите од Западен Балкан. Дополнително, Димитров се осврна на зголемениот фокус на темата за отворени билатерални прашања и посебениот придонес што може да го даде македонската страна, преку пренесување на научените лекции од решените билатерални прашања со Бугарија и Грција. Димитров ја истакна важноста на самитот за регионот и политичката порака што ја праќа кон ЕУ за процесот на проширување и најави континуиран активен ангажман на македонската страна во неговата подготовка.

Димитров ја посочи 2018 како клучна година за регионот во контекст на евроинтеграциите и се осврна на важноста од регионалната соработка, како најсоодветен одговор на актуелните сензитивни моменти во ЕУ. Нагласи дека научените лекции од изминатите неколку години се најдобар показател дека зголемувањето на заемната доверба, добрососедските односи и засилена економската соработка резултираа со поголема поврзаност на регионот и создавање подобар впечаток на истиот.

„Во овој процес ние како регион треба да бидеме искрени и директни за да успееме. Исто така, треба да преземеме одговорност за нашата сегашност, но и за нашата иднина. Она што ни е заеднички потребно е натпревар на позитивни реформи. Имаме шанса да созрееме и таа шанса треба да ја искористиме“, истакна Димитров.

Понатаму, министерот го поздрави континуитетот на областите кои ќе бидат третирани на самитот на Берлински процес во Познан: транспортно и енергетско поврзување на регионот, развој на економијата, мобилноста на младите и соработка во културата.

Покрај министрите за надворешни работи од регионот, на состанокот присуствуваа и претставници на Европската комисија, Европската служба за надворешни работи, на Австрија, Полска, Обединетото Кралство и на Советот за регионална соработка.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани