(ВИДЕО) Анастасова: Градоначалникот се обиде да не замолчи со „затворете ја веќе устата“

Од:

Со зборовите „Затворете ја веќе устата” , градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски се обратил на претставничката на граѓанската О2 иницијатива додека траела дебатата во општината во која невладините, граѓански организации бараат повлекување на огласот со кој во период од 99 години ќе биде дадено земјиштето на користење за тешка индустрија. Активистите реагираа на социјалните мрежи а Георгиевски на својата фејсбук страница напиша дека бил погрешно разбран и дека неговата добра намера за конструктивна дебата и наоѓање на заедничко решение со О2 коалицијата, која побарала стопирање и поништување на јавниот оглас за давање на земјиште на под закуп во делот на Железара, за детално објаснување на нејаснотиите, се претворила во напад против него.

Сепак во негово име се извинила една од советничките, а за севкупната атмосфера на дебатата, за вербалниот инцидент, зборуваше Жаклина Мијалковиќ Анастасова, активистка од граѓанската асоцијација „Го сакам Водно“.

Според неа, градоначалникот на дебатата често ги премолчувал прашањата што му ги поставувале активистите.

„Зачудувачки е градоначалникот да не знае за каква тешка индустрија станува збор или пак кому тоа земјиште ќе биде отстапено на цели 99 години. Ние зборувавме за здравјето на граѓаните и за чистиот воздух, а тој зборува бенефитот од вработрувањата што би ги имале од таа индустрија. Најпрво рече дека ќе поминува некаква железничка пруга па потоа дека ќе се прави фабрика за производство на делови за железница. Кога една од активистките што бевме таму му постави сосема разумно прашање и изрази загриженост за штетите по загадувањето од оваа одлука, тој и рече да ја затвори устата. Таа го праша дали навистина така рече и така мисли, на што тој потврдно одговори и не се извини. Во негово име неколкупати се извини една од советничките пто беше присутна на дебатата“, вели Мијалковиќ Анастасова.

Активистите од коалицијата за чист воздух “О2„ пак на својата страница напишаа „ваква ароганција, агресија и подсмевање во комуникацијата со граѓаните, особено кон жени, во повеќе годишната активност во борбата за животна средина, до сега не сме посведочиле“.

Инаку општиот заклучок е дека кај градоначалникот Борче Георгиевски не постои ниту желба, ниту намера за конструктивна дебата и наоѓање на заедничко решение.

„Во текот на вчерашната дебата, тој ја потврди намерата да го спроведе јавниот повик и јавното наддавање закажано за 7 декември, доколку има пријавени заинтересирани компании до 5 декември. Градоначалникот не беше заинтересиран ниту за аргументи, ниту за законските пропусти кои неговата општина ги направила при донесување на ДУП-от во чии рамки е градеженото земјиште кое сака да го издаде на 99 години, и за кои пропусти поднесовме иницијатива пред Уставниот суд. Советниците имаа многу повеќе аргументи и очигледно зборуваа компетентно за темата , но градоначалникот беше исклучив и рече дека решението е донесено“, вели Мијалковиќ Анастасова.

Борбата за чист воздух според неа ќе продолжи и со иницијативите за стопирање на изградбата на гасоводот што поминува низ Водно, и дека како трет најзагаден град во светот прашањата врзани за квалитетот на воздухот и за загадувачите треба да бидат приоритет на нашата држава.

Ана Василевска

Би можело да ве интересира

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал 11 куршуми кон познаник и кон неговата сопруга

Тепачка во Гази Баба: Момче се пресметало со неговите баба и тетка

А1он

Левица: Стефковски ги остави учениците во Гази Баба без бесплатен превоз

Го киднапирале и силувале за долг од 150 евра – кривична за двајца скопјани

Анита Петровска Рајковиќ

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати