ВИДЕО: Средба на министерот Спасовски со чешкиот министер за внатрешни работи

Од:

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски и министерот за внатрешни работи на Чешката Република Јан Хамачек денеска во Прага го потпишаа Протоколот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Чешка Република за спроведување на Спогодбата за преземање на лица со незаконски престој (Протокол за реадмисија), со што се овозможува регулирање на процедурите за преземање на лица со незаконски престој меѓу двете држави, но и дополнително се зајакнува соработката со цел поефикасна борба против илегалната миграција.

На денешната средба министрите Спасовски и Хамачек ја потенцираа добрата соработка меѓу двете држави. Министерот Спасовски се заблагодари на Чешката Република и Министерството за внатрешни работи за несебичната поддршка и помош за македонската полиција во справувањето со миграциската криза, еден од најголемите предизвици за Република Македонија, со кој можевме да се справиме само преку заемна соработка меѓу државите од регионот, поткрепена со силната поддршка на државите од Вишеградската група и Европската Унија.

Чешката Република направи многу за да и помогне на Република Македонија и тоа преку доделени донации за справување со последиците од миграциската криза, како и за зголемување на капацитетите на македонската полиција, но и со присуство на контингентите на чешките полициски службеници, кои учествуваат во заедничките активности со македонските полициски службеници за зајакнат надзор и контрола на нашата јужна граница.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он