Al Jazeera: Која е логиката новинарите да се извинуваат и за нешто што помислиле

Од:

Законот со кој се уредува граѓанска одговорност за навреда и клевета ја јакне автоцензурата во Македонија, сметаат новинарите и додаваат дека политичарите го користат тоа за да бараат извинување од новинарите кое треба да се објави на првите страници на весниците, јавува „Ал Џезира“ во прилогот направен во Скопје.

Телевизијата потсетува дека новинарите беа спречени да известуваат од Собранието кога се гласаше буџетот.

– Оваа состојба, покажува истражувањето на „Репортери без граници“, ја доведе Македонија на самото дно по слободата на медиумите во регионот- констатира „Ал Џезира“.

Преку социјалните мрежи Facebook и Twitter македонските новинари секојдневно испраќаат стотина пораки до Владата, Собранието и политичките партии во кои укажуваат на апсурдноста на ситуацијата во која се доведени по донесувањето на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Kаде евистината ако ние се извинуваме за се сешто. За нешто што сме рекле или не сме рекле, дури и за нешто што сме помислиле меѓу редови – вели новинарката Мери Јордановска во прилогот.

Наместо кај политичарите да го зголеми прагот на прифаќање на јавната критика, тој им овозможи да бараат извинување од новинарите, констатира „Ал Џезаира“ и ги наведува примерите кога Утрински весник на барање на претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, мораше јавно да се извини.

Би можело да ве интересира

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

A1on

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on