Бајдевски: Се работи на зголемување на правичната застапеност на помалите етнички заедници

Од:

Заменик-министерот за информатичко општество и јавна администрација Александар Бајдевски одговарајќи на пратеничко прашање рече дека застапеноста на помалите етнички заедници во државите институции е на ниско ниво и оти се прават напори таквите состојби да се надминат.

– Основа на планирање на вработувањата на припадниците на заедниците на централно и локално ниво се податоци од последниот попис спроведен во 2002 година. И сами кажавте дека застапеноста на помалите етнички заедници е на ниско ниво. Ние сме свесни за тоа, а тоа го покажуваат и податоците за бројките на вработените во јавниот сектор. Од таа причина една од мерките во Стратегијата за реформа на јавната администрација во приоритетната област два „државна служба и управување со човечки ресурси“ е унапредување на начелата за соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците вклучително на помалите етнички заедници, рече Бајдевски.

Оваа мерка, рече, ќе почне да се остварува во првиот квартал во 2019 година согласно акциски план. Тој појасни дека ќе се прави анализа за досегашната примена на методологијата за планирање на вработувањето во јавниот сектор согласно начелото на правична застапеност, како и подготовка на нејзини измени и дополнувања, со што, како што рече, ќе се унапреди процесот на планирање пред спроведување на постапката за селекција за вработување припадници на помалите етнички заедници во јавниот сектор, која треба да покаже колкав е бројот на вработени службеници врз основа на ова начело и колку самите институции ги спроведуваат своите годишни планови за вработување.

– Сакам да ве уверам дека заложбите на Владата и на Министерството се во правец на почитување на предидените начела, а со сигурност да тврдам дека ќе се направи се ситуацијата во иднина да се подобри, рече Бајдевски одговарајќи на прашање на пратеникот Енес Ибрахим.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Песимист сум дека ќе имаме подобрување во Судскиот совет доколку оваа екипа остане

А1он

За Груби пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се чипувани: Не одговори на прашањето зошто делува како менаџер на „Бехтел и Енка“

A1on

(ВИДЕО) Маричиќ и испрати бакнежи на пратеничката Дафина Стојановска: „Лигав еден, како не ти е срам“

A1on

Пешевска: Според укажувањата на стоматолози актуелниот претседател на стоматолошка комора Маријан Денковски ја има узурпирано комората

Ана Ололовска

Јаревски до Бочварски: Си потпишал договор за коридорите со празни ставки или кои дополнително ќе бидат договорени, за тоа кривично се одговара

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Спасовски од Собрание до ВМРО-ДПМНЕ: Ставивте во затвор 36 луѓе за кои око не ви мрднува, а со вашиот лидер ургирате да се заштитат парцелите во Делчево

Ана Ололовска