За решавање на проблемот со оризопроизводството потребни се системски мерки и политики на долг рок. Заради трендот во последните 10 години на значително намалување на засадените површини под ориз, годинава се исплатени зголемени субвенции за 300 проценти, а мерките веќе даваат резултати, рече министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
-Ако минатата година имавме пријавено за субвенции 2.302 хектари засадени со ориз, оваа година имаме 2.815 хектари. Сметаме дека политиките кои ги превземаме даваат соодветни резултати, иако не сметаме дека тоа е доволно, продолжуваме во тој правец. Ако во измината година субвенцијата беше зголемена за 300 отсто, на следната владина седница ќе биде додефинирана мерката за дополнителни пет денари за килограм од годинашната реколта, од 15 октомвти 2018 до 31 март 2019. Оваа мерка викендот ја дефиниравме со премиерот и институциите, а е поддржана и од земјоделците, рече Николовски.
Според него, оваа мерка очекува да опфати околу 10.000 тони ориз, а целта е да се предаде оризот, да се раздвижи пазарот и да биде извезен.
-Владата ги следи проблемите на земјоделците и соодветно и навреме реагира со зголемување на поддршката, рече Николовски.
Најави шест милиони денари поддршка и за Институтот за ориз, а се со цел зголемување на површините под ориз, која е една од извозно ориентираните гранки.
Во однос на цените, според Земјоделскиот пазарен инспекторат оризот се откупува од 15 до 20 денари арпа, а за белиот ориз цената достигнува до 40 денари.
Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Иван Иванов, оризот не се предава од производителите поради непостигнување на откупната цена која тие ја бараат – 50 денари за бел ориз и до 25 за килограм арпа.
Заменик министерката за финансии Ширет Елези рече дека во однос на откупот на вишокот произведен ориз, доколку има потреба за поголеми средства од ставките за таа намена во буџетот, тие може да се обезбедуваат со пренамена на средства од ставките со одлука на Влада и од резервните средства во основниот буџет.
Иванов по однос на одговорот рече дека веќе поднел амандман но му бил одбиен за релоцирање на средства во износ од околу 1,5 милиони евра за откуп на 2.000 тони ориз и најави дека за ова амандмански ќе реагира во предлог буџетот за 2019 година.
Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули во однос на планот на Владата за намалување на аерозагадувањето, рече дека покрај јасно изразената политиичка воља проблемот се подига на ниво на Влада, и е стратешка определба за сите идни влади. Најави донаторска конференција во втората половина на декември за докомплетирање на средствата за оваа намена.
-Планот ги таргетира по прв пат корените и повтори дека домашното затоплување е најголемиот проблем, рече Макрадули.
Додаде дека за таа цел се предвидени низа мерки за замена на затоплувањето на дрва со еко енергија, ќе следи засадување на еколошки ѕидови кај Клиничкиот центар, а ќе биде поддршан пороектот на Факултетот за земјоделство и Шумарскиот факултет „Зелен лист воздух чист“ кој предвидува засадување 3.400 садници кои тие ги одгледуваат на факултетот, во градинките. Информираше дека за две години почнува масовна замена на нееколошките извори на загревањето во јавните институции пред се во училиштата и градинките. Мерките, нагласи, се преземаат на ново на цела држава
-Во РЕК Битола конечно по 11 години е ангажирана фирма МЗТ инженеринг, за 22 милиони денари која работи на прашината, која се генерира во процесот на произиводство, а која се разнесуваше низ земјоделските површини околу комбинатот. Пред некој ден почна акцијата со 20.000, а ќе бидат засадени 50.000 багремови гранки и согласно оперативниот план на ЕЛЕМ ќе почне замена на електростатските филтри. Вчера Владата ја даде и државната гаранција за проектот поддржан од ЕБОР за набавка на 35 еколошки автобуси, вреден 12 милиони евра за да може да ги заменат двокатните автобуси кои трошат 44 литри на 100 км а дневно поминуваат по 440 км и со капацитет од 96 патници.