Тевдовски: 10,2 милијарди повеќе за здравство, образование и социјална заштита во 2019

Од:

Во Буџетот за 2019 година има 10,2 милијарди денари повеќе средства за здравство, образование и социјална заштита. И годинава во Буџетот за овие намени има алоцирано повеќе средства во однос на минатата година. Ова значи дека во континуитет се работи на зајакнување на овие сектори, а со тоа се вложува во човечкиот потенцијал и во зголемување на продуктивноста. Ова го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната презентација на „Систематската дијагностика за земјата“, изработена од Светска банка.

-Клучен фактор за економски развој и борба против сиромаштијата е човечкиот капитал. Со вложување во луѓето, се зголемува продуктивноста, што ќе го поттикне економскиот раст и ќе креира подобро платени работни места-рече Тевдовски.

Министерот за финансии истакна дека Владата има направено сеопфатна реформа на системот за социјална помош и детска заштита. Со реформата Македонија е прва во регионот која воведува гарантиран минимален приход, а ќе се зголеми и опфатот на детскиот и образовен додаток.

Во однос на образованието, министерот рече дека се работи на зголемување на опфатот на децата во претшколско образование. Целта е опфатот да се зголеми од 30% на 50%.

Се работи и на подобрување на инфраструктурата, како и на квалитетот на програмите, како во образованието, така и во здравството.

Министерот рече дека подобро платените вработени се попродуктивни. Затоа Владата и оваа и следната година ги зголемува платите на вработените во клучните сектори, како здравството, образованието и детската грижа.

-Имаме реален проблем во здравството со одлив на кадри. За таа цел и годинава и следната година предвидовме покачување на платите на здравствените работници, со дополнително покачување од 10% за специјалистите. Кога вработените се подобро платени, тие се попродуктивни. За таа цел, ги покауваме платите и во образованието и детската грижа. Покрај јавниот сектор, со воведување на повисоко ниво на минимална плата, како и владините мерки за поддршка на раст на платите, се придвижи спиралата на плати и во приватниот сектор-рече Тевдовски.

Министерот рече дека Владата работи и на отворање на нови работни места. И следната година во Буџетот се предвидува највисоко ниво на средства за активните мерки за вработување. Се предвидуваат и мерките за поддршка на фирмите, кои треба да ја поттикнат иновативноста, извозот, инвестициите и отворање на нови работни места.

Би можело да ве интересира

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

(ВИДЕО) Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува 3 милијарди денари повеќе во Буџетот за образование