Една од ѕвездите на Реал Мадрид, Тони Крос го поддржа тренерот Сантијаго Солари во неговиот спор со уште еден голем играч на тимот – Иско.
Германецот истакна дека неговиот колега има неспорни квалитети, но одлуката да се игра или не, ја носи тренерот.
– Тренерот носи одлука за тоа што Иско е надвор од групата, и тој сигурно има свое оправдување. Сите знаеме што може Иско да направина теренот, но одлуката е на тренерот, рече Крос.
Иско беше надвор од тимот вчеравечер во победата на „белите“ од 2-0 над Рома на „Олимпико“.