Сопругата на ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, Сања, на „Фејсбук“ напиша дека одлуката на Апелацискиот суд во Скопје за притворот на нејзиниот сопруг и на Кирил Божиновски е политички линч, а не правда.
Таа кажа дека бегството на Груевски не смее да биде инструмент на одмазда.
„Политички линч, наместо правда! Апелациониот суд е должен да одговори: Дали ги пронајдоа сметките на Миле Јанакиески во странство? Каде се тие сметки? Кој ја зборува вистината анонимниот извор на УБК или Претседателот на РМ г-дин Ѓорге Иванов? Кога и каде мистериозниот посредник имал средби со Претседателот Иванов и со Миле Јанакиески? Кој ќе одговара за прекршување на повеќе закони во Република Македонија и Европската конвенција за човекови права и носењето на одлуки спротивни на праксата на Европскиот суд за човекови права? Судот не смее да биде инструмент за одмазда, донесете го Груевски и самот нека одговара за неговото бегство, а не заради него во притвор да лежат недолжни луѓе!“, напиша сопругата на Јанакиески.
Апелацискиот суд донесе одлуки со кои им го потврди притворот на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, кои се обвинети во предметот „Титаник“.
Васко Маглешов