По повод гламурозната свечаност при отворањето на овогодинешниот Берлински филмски фестивал, се собраа голем број познати личности од светот на филмот, но и од шоубизнисот.
Во еден момент група топлес демонстрантки кои протестираа против обрежување на жените, влетаа на црвениот килим, благодарение на невнимателноста на обезбедувањето, и ја прескокнаа оградата.
За среќа, обезбедувањето веднаш реагираше, а активистиките не успеаја да го засенат влегувањето на легендарната Џејн Фонда, која немаше поим што се случува зад нејзиниот грб, блескајќи во златен фустан.