Венецуелската Влада ја девалвира националната валута, боливар. Министерот за планирање и финансии Хорхе Џордани изјави дека курсот за размена на венецуелската парична единица во однос на доларот се зголемува од сегашните 4,3 боливари за долар на 6,3 боливари за долар.
Девалвацијата, која аналитичарите ја очекуваа изминатите месеци, е првата по 2010 година.
Министерот Џордани изјави дека новиот курс стапува во сила веднаш.
Светските агенции напоменуваат дека на црниот пазар во Венецуела доларот се продава четири пати поскапо во споредба со официјалниот курс.