Проштална средба на Џафери со црногорскиот амбасадор, Предраг Мирковиќ

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, г. Предраг Мирковиќ.

На почетокот на средбата, претседателот Џафери изрази задоволство од досегашната успешна билатерална соработка и се заблагодари на амбасадорот за ангажманот и работата во текот на неговиот мандат за зајакнување на пријателските односи меѓу двете земји.

Амбасадорот Мирковиќ се заблагодари на можноста за средбата и изрази уверување дека Црна Гора и понатаму ќе продолжи да ја подржува Република Македонија во нејзиниот пат за полноправно членство во НАТО и ЕУ.

На крајот на средбата, претседателот Џафери му посака понатамошен успех на амбасадорот Мирковиќ во неговиот иден професионален ангажман.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање