Груевски преку е-пошта го известиле дека ќе му го одземаат имунитетот

Од:

Експремиерот Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, преку е-пошта бил известен дека е почната постапка за одземање на неговиот пратенички имунитет.

Претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, Павле Богоевски, рече дека пратеникот Груевски бил известен преку електронска пошта, преку пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Комисијата денеска на седница едногласно донесе одлука да се препорача да му се одземе имунитетот на Груевски.

Пратениците поединечно гласаа за сите шест барања за притвор кои стигнале од кривичниот суд до Собранието. СЈО бара притвор за Груевски за предметите „ТНТ“, „Титаник“, „Талир“ за две кривични дела, потоа за предметот „Насилство во Центар“ и „Траекторија“.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски