Жерновски во Брисел на средба со претстваници на ЕУ и ЕП

Од:

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски денеска и утре престојува во работна посета на Брисел.

Во рамки на работната посета, тој ќе оствари повеќе средби со претставници на институциите на ЕУ, со европратеници, како и со известителот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл.

Жерновски ќе присуствува на пленарната сесија на ЕП на која ќе се усвојува Резолуцијата за напредокот на Република Македонија за 2018 година.

Тој ќе учествува и на пленарни средби и во седиштето на НАТО, на кои со високи претставници ќе се разговара за текот и динамиката на пристапните разговори во врска со членството на Македонија во НАТО.

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток