Собраниска делегација на тркалезна маса на високо ниво во Брисел

Од:

Делегација на Собранието на Република Македонија, составена од Горан Милевски, Ејуп Аљими, Мери Лазарова и Никола Мицевски, утре и задутре ќе учествува на втората тркалезна маса на високо ниво во Брисел, на покана на претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани.

На тркалезната маса, како што соопшти собраниската прес-служба, на која се поканети и пратеници од Парламентите во регионот, ќе се расправа за евроинтегративните процеси во регионот, за реализираните реформи за секоја земја поединечно, како и за билатералните прашања и добрососедските политики на Западен Балкан.

За време на посетата на Брисел, пратениците ќе остварат средби со своите колеги од регионот, како и со повеќе влијателни европратеници, меѓу кои и известувачот на Комисијата за надворешна полититика на европскиот законодавен дом, Иво Вајгел.

Собраниската делегација ќе присуствува и на пленарната седница на Европскиот парламент на која ќе се расправа по Извештајот за Република Македонија за 2018 година.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање