Зимските Олимписките игри во Сочи ќе се одржат од 7 до 23 февруари следната година.
Сочи организацијата на ЗОИ ја доби во јули 2007 година, сепак една година пред стартот на игрите се појавија нови проблеми кои би можеле да го загрозат настанот. Овој пат не е недостиг на пари, што ја измачува изградбата од почетокот, туку изненадувачки недостаток на работна сила.
На неодамнешниот состанок на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), рускиот заменик-премиер Димитриј Козак изјави дека 12 месеци пред Игрите, изградбата и организациските аспекти не можат да дозволат да се запаѓа во нови големи блокади. Тој истакна дека нерешените прашања поврзани со визи за посетителите и сместување, превоз и комуникации треба брзо да се решат.