(ВИДЕО) Иванова: Ги враќаме мандатите, не сакаме да учествуваме во ненародно собрание

Од:

Цветанка Иванова пред жителите на Ресен рече дека од 24. декември улицата е парламент и должност и е да ја врати демократијата.

„Света обврска ние да ја вратиме државата на вистинскиот пат и да ја дадеме во рацете на граѓаните. Јас знам што значи демократија, и затоа имам сила да се борам и да ја вратам назад. Не смее Македонија да биде заложник на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ, отпорот се повеќе се шири, граѓаните нема од што да се плашат зашто немаат повеќе ни за гол живот. Затоа сме се повеќе и побројни“.

Сакаа изминативе денови, рече, да создадат перцепција дека она што се случи на 24. декември не се случило, дека било сценарио на Бранко Црвенковски да ја зачувал позицијата.

Чија борба, чија битка е исправна и вистинска? Ние се боревме да не се задолжува државата, да не се донесе голем буџет кој ќе се полни од сиромашните граѓани, а ќе се троши за купување гласови. Ние се боревме за демократија и слобода, а тие за власт и за пари. Нашата битка е потешка, ние голораки се боревме, тие дојдоа со обучени полицајци.

Го слушам Грувески зборува дека ова е битка на Бранко за Бранко. Но господине Груевски оваа е битка на народот против Груевски. Овој народ не сака повеќе да биде поделен на предавници и патриоти, не сака да живее во беда и сиромаштија, да служи на една врхушка“, рече Иванова.

Таа рече дека опозицијата ќе оди до крај, ќе ги вратат мандатите зашто не сакаат да учествуваат во вакво ненародно собрание.

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата