СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ измислува непостоечки случаи, а прес-конференциите ги базира на шпекулации

Од:

„Антинародното раководство на ВМРО ДПМНЕ предводено од Христијан Хидро Мицкоски целосно се загуби во лажните вести и почна да измислува непостоечки случаи, а прес-конференциите да ги базира на шпекулации.

Неточни и невстинити се лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ за наводна отворена истрага во Грција за продажбата на компанијата ЕДС.

Споменатата компанија и јавно ги демнатираше измислиците на антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Не е започната каква било истрага во врска со продажбата ниту пак има тоа некаква во врска со претходниот сопственик, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Целата постапка, како и купопрадажниот договор е склучен согласно законските процедури, а на истиот претходел и извештај од неколку реномирани ревизорски куќи кои ја процениле реалната вредност на компанијата.

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со придвижувањето на економијата и успешните економски политики и затоа секојдневно шири лажни вести и измислици.

Времето на матни зделки и вмешаност на државни функционери, времето на Белизе шемите и оф-шор фирмите заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Владата предводена од СДСМ и сите нејзини членови работат одговорно, отчетно, транспаренто, со согласност со законите и во интерес на граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар