А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Две години црнила во здравството, нема инвестиции и проекти

by А1он24/11/2018 - 16:3924/11/2018 - 16:41156
Share0

„Две години црнила во здравството. СДСМ го зацрни здравствениот систем, нема инвестиции, нема проекти. Запрени се со градба и клиничкиот центар во Скопје и тој во Штип. Граѓаните се лишени од правото да се лечат во модерни здравствени центри, можност што веќе ќе беше реалност ако црната власт предводена од СДСМ не ги закочеше проектите почнати од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Instagram Instagram

Владата предводена од СДСМ и министерот за здравство Венко Филипче продолжуваат во свој стил на крадење и лажење. Не може да се очекува поинакво однесување на луѓе кои ги следат постапките на аболицираниот криминалец кој ја предводи владата.

Нема бесплатно болничко лекување за сите како што ветуваше Заев пред изборите од пред 2 години. Филипче предлог буџетот за 2019 година го направи како свој список на желби. Граѓаните не сакаат да слушаат за нечии желби, граѓаните бараат мерки кои ќе бидат реализирани.

Здравството е зацрнето. Откако СДСМ е на власт не е набавена никаква опрема за јавните здравствени установи. Власта не успеа да ги распредели ниту парите кои ги имаше за оваа година за нова опрема и одржување на старата. Ова е тотален дебакл.

Следете a1on на Youtube YouTube

Филипче вели повеќе пари за граѓаните. Но реалноста покажува дека во овој предлог буџет намерата е една и иста – парите да се слеат во џебовите на свои луѓе.

Надлежните не се способни да го спроведат ветеното, туку само ги лажат граѓаните.

Или од 2016 година ги повторуваат истите работи. Но, ветеното не гледа бел ден. Оваа власт внесе само црнила. Црнилото мора да си замине. Државата мора да тргне напред“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот Венко Филипче.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он04/09/2026 - 13:0604/09/2026 - 13:35

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Обвинителство се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во ОЈО?

А1он04/09/2026 - 12:25

(ВИДЕО) Жерновски: Македонското обвинителство не може да молчи, да отворат истрага за унгарскиот кредит

А1он04/09/2026 - 12:03

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

Горан Наумовски03/09/2026 - 14:21

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

Горан Наумовски03/09/2026 - 13:36

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

Горан Наумовски03/09/2026 - 09:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео