УЕФА ги негира обвиненијата за Рамос

Од:

Европската фудбалска централа реагираше по вчерашните информации на „Шпигел“, цитирани од „Фудбал ликс“, дека прикрила позитивен допинг примерок на капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос по финалето на Лигата на Шампионите во 2017 година.

Од УЕФА категорично негираа дека ги прекршиле правилата за допинг контролата и појаснија дека секогаш се почитува Кодексот на Светската антидопинг агенција.

„УЕФА категорично ги отфрла неоснованите тврдења дека прикрила позитивна допинг проба. Во сите случаи, кога се врши допинг контрола, УЕФА дејствува во согласност со Кодексот на Светската антидопинг агенција. УЕФА ја информирала Светската антидопинг агенција и ФИФА за сите случаи, согласно барањата на Кодексот на Светската антидопинг агенција и УЕФА доставила детална информација, експертски извештаи и докази при разгледување на такви случаи“, се вели во соопштението на европската фудбалска централа.

Претходно и Реал Мадрид излегоа со официјална позиција за случајот. „Белите“ ги отфрлија категорично тврдењата на „Фудбал ликс“ и застанаа зад нивниот капитен.

Обвиненијата против Рамос се за финалето на ЛШ во Велс во 2017-та. Тогаш „Лос Бланкос“ го победи Јувентус 4:1 и ја освои 12-тата титула во турнирот на богатите.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри