Филипче: Спасени два живота по успешно извршена трансплантација од починат донор

Од:

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска одржа прес конференција, по повод успешно извршената трансплантација од починат донор на Клиниката за урологија, во соработка со одделението за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). Станува збор за мултисекторски пристап, во кој активно се вклучени голем број лекари и друг персонал од КАРИЛ, Клиниката за урологија, за нефрологија, Клиниката за радиологија и Институтот за трансфузиологија.

– После три години пауза, на Клиниката за урологија успешно се изврши трансплантација на бубрези од пациент кој доживеал мозочна смрт. Од починатиот, кој неколку дена беше на одделението КАРИЛ, со дозвола на најблиските членови од семејството се земени бубрезите и веднаш се трансплантирани на двајца пациенти кои чекале на нив. Двете трансплантации поминаа успешно и засега пациентите кои добиле бубрег добро се чувствуваат. Им честитам на медицинскиот персонал од Клиниката за урологија и КАРИЛ, кои направија неверојатно добра работа. Спасија два живота, кои долго време се измачуваа со дијализа, истакна министерот Филипче.

Министерот изрази почит кон родителите на дарителот на органите, потенцирајќи дека донирањето органи е највисок чин на хуманост и алтруизам. Пресадувањето органите е едно од најголемите достигнувања на модерната медицина. Кога се зборува за трансплантација на органи, секој од нас треба да размислува дека е потенцијален примач на орган, а потоа и донор.

Тој истовремено ја најави и првата кампања за трансплантација на органи, која официјално ќе почне идниот месец, потенцирајќи дека подигнувањето на свеста кај граѓаните за дарување органи треба да ја подигнеме на ниво од кое се очекува барем 5 трансплантации на органи од починати донори за една година.

Националниот координатор за трансплантација, д-р Маја Мосова изрази огромна благодарност и почит до семејството на донорот за овој највисок степен на човекољубие и за тоа што ни одржаа лекција како се сакаат луѓе кои не се ни познаваат.

– Тие се пример за сите нас како да постапуваме во животот. Има околу 70 пациенти чии бубрези не функционираат и кои се на листа за пресадување органи, а од компатибилноста на резултатите зависи кој ќе биде трансплантиран. Рачно се прегледуваат документите и така се врши изборот на пациентите, имаме софтвер, но сега таму се запишуваат сите потенцијални приматели на органи, рече д-р Мојсова.

Директорот на Клиниката за урологија, д-р Сашо Дохчев, кој е и главниот хирург во двете интервенции, е задоволен што двајцата оперирани пациенти добро заздравуваат. Тој изрази голема почит кон семејството на донорот, коешто претставува пример за останатите и дека ова е уште една причина нашата држава да стане членка на „Еуротрансплант“, имајќи во предвид дека соработката со нив е многу важна во процесот на размена на органи.

Би можело да ве интересира

Филипче: Домашните компании оставени на цедило, пари само за странските

Горан Наумовски

Филипче: СДСМ нема да дозволи повторно поставување на системот „ало началниче“

Филипче: Ќе понудиме современа политичка платформа со силен фокус на економијата и платите

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Филипче: Категорично сум против етнички поделби во науката

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ