ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ две години нема преземено ништо против загадувањето на воздухот

Од:

„СДСМ две години нема преземено ништо против загадувањето на воздухот. Нивото на канцерогени ПМ10 честички во воздухот е неколкукратно над дозволеното, а власта мува не ја лази.

СДСМ во новата година ќе потроши 7 милиони евра за луксузни возила и мебел, наместо истите да ги потроши на мерки за подобрување на животната средина.

Градовите низ државата почнувајќи со Скопје се соочуваат со големи купишта на смет насекаде, затоа што комуналните претпријатија не си ја работат работата.

Веќе неколку месеци мерните станици во неколку скопски општини не работат. А, наместо мерки против загадувањето СДСМ предлага мерки против граѓаните од сиромашните и средните слоеви.

„Југохром“ е најголемата лага на власта. Две години 1.200 работници се предмет на манипулација на СДСМ и уште ништо не е преземено, само лаги и голи манипулации.

СДСМ ветуваа брзо решавање на проблемот со загаден воздух, а сега веќе две години ништо не презема. Токму затоа треба да си замине од власт“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Обвинителство се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во ОЈО?

А1он

(ВИДЕО) Жерновски: Македонското обвинителство не може да молчи, да отворат истрага за унгарскиот кредит

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте