Груевски почнал да ги празни сметките пред три месеци во помали износи

Од:

„Макфакс“ од извори во Управата за финансиско разузнавање дознава дека Груевски почнал полека да ги празни сметките од пред три месеци во помали износи од пет банки, а не непосредно пред неговото бегство во Унгарија. Парите ги трошел за различни намени.

„Нема нагло повлекување на средства тоа е правено полека и многу порано“, вели изворот за „Макфакс“.

Истите извори потврдуваат дека банките според законските прописи ја известиле Управата за финансиско разузнавање дека експремиерот Груевски постојано подига одредени парични износи, за кои, тие имале законска обврска да алармираат. За тоа, како што велат изворите, било известено и специјалното јавно обвинителство.

Според имотниот лист што го пријавил Груевски, тој не поседува недвижен имот на негово име, туку приближно 230 илјади евра и уметнички слики. Груевски пријавил дека поседува и 33 уметнички слики во вредност од приближно 11 илјади евра. Не пријавил заеми и кредити. Осудениот експремиер на функцијата претседател на Владата стапил со имот од приближно 43 илјади евра.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски