СМО: Емисијата на стакленички гасови пораснала во 2017 година

Од:

Светската метеоролошка организација (СМО) соопшти денеска дека нивото на стакленички гасови во атмосферата пораснало на нов рекорд во минатата година, предупредувајќи дека е пропуштена можност да се делува против климатските промени.

СМО наведува дека просечната глобална концентрација на јаглерод диоксид во атмосферата во 2017 година е незначително зголемена во споредба со претходната година. Концентрациите на другите гасови, кои создаваат ефект на стаклена градина, како што се метанот и азотниот оксид, исто така, се зголемила.

СМО наведува дека ова е првпат ажурираните бројки за 2017 година да се достапни за јавноста.

Генералниот секретар на СМО, Петтери Талас изјави дека Земјата последен пат имала толку висока концентрација на јаглероден диоксид пред најмалку три милиони години.

– Без намалување на емисиите на стакленички гасови, климатските промени ќе станат растечки и ќе имаат неповратни последици за животот на Земјата, вели Талас.

Би можело да ве интересира

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Апасиев: ДПМНЕ ја блокира надзорната расправа за аерозагадувањето зашто има бизнис релации со загадувачите

ОЈО Скопје нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување

(ВИДЕО) Шукова: Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик, а ДПМНЕ да спие како власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да мислеа повеќе на животната средина наместо да крадат кај ќе стигнат, ќе направеа нешто