СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ уништи се што е здраво и зелено, во занесот по криминалот заборавиле дека сите дишеме ист воздух

Од:

„11 години ВМРО-ДПМНЕ преку своето криминално и расипничко владеење парите на граѓаните ги трошеше на барок, споменици, палми, бели палати, мерцедеси, стиропор фасади и криминални тендери.

Во тој занес по криминалот ВМРО-ДПМНЕ уништуваше се што е здраво и зелено и воопшто не му беше битно колку загаден воздух дишеа граѓаните.

За разлика од таквиот антинароден пристап, Владата предводена од СДСМ заедно со сите надлежни институции системски пристапува кон решавање на долгогодишниот проблем со загадувањето.

Планот за чист воздух за кој се издвоени дополнителни 1.5 милиони евра преку низа на мерки на краток, среден и долг рок има за цел системски да го решава аерозагадувањето.

За таа цел веќе се преземаат и ќе бидат преземени мерки кон сите извори на загадувањето, домаќинствата, индустријата сообраќајот, со интенција во наредниот период загадувањето на воздухот да се намали двојно.

СДСМ се справува со последиците од катастрофата наречена ВМРО-ДПМНЕ, создава програми за чист воздух во кои се вклучени сите институции, се дејствува против сите извори на загадувањето но, главниот причинител што Македонија е дојдена до оваа состојба е само ВМРО-ДПМНЕ и никој друг“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

А1он

Филипче од Тетово: За Мицкоски ресет на системот е да постави свои судии и обвинители

А1он

(ВИДЕО) Филипче го честиташе 11. Октомври: Аманетот од хероите на НОБ е да ја продолжиме борбата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ за скандалот со директорот на Неврологија: Не може човек што се дрогира да се занимава со здравјето на луѓето

А1он

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби