Лукаревска: Околу една третина од физичките лица се регистрирале за е-персонален данок

Од:

Околу една третина од физичките лица се регистрирале за е-персонален данок. Бројките се менуваат од ден во ден. Овие денови се очекува позасилено темпо на пријавување. Рокот завршува на крајот од годинава, информира директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

Таа денеска од Кавадарци најави дека утре на прес-конференција ќе биде соопштено законското решение околу регистрацијата на пензионерите.

– Имаме мобилни екипи буквално меѓу сите даночни обврзници. Ги посетивме буквално сите министерства. Имаме отворени канцеларии во дел од единиците на локална самоуправа, а ќе отвараме и понатаму. Ќе работиме и сабота и недела, доколку има потреба. Стоиме на располагање, се во интерес на граѓаните, нагласи Лукаревска од Кавадарци каде беше одржана презентација и разјаснети нејаснотиите околу регистрацијата на е-персонален данок.

Пред претставниците на компании и спортски клубови беа презентирани и поволностите доколку се донира во спортски активности.

Презентирањето на законските надлежности на УЈП беше во соработка со Регионалната стопанска комора, а целата иницијатива е потпомогната и од Агенцијата за млади и спорт.

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа