Средба меѓу министрите Самуелсен и Димитров

Од:

Денес, министерот за надворешни работи Никола Димитров, оствари средба со министерот за надворешни работи на Кралството Данска, Андерс Самуелсен, кој претстојуваше во официјална возвратна посета на Република Македонија.

На средбата, министерот Димитров го информираше својот колега за преземените активности на Владата во клучните реформски области како правосудството, безбедносниот систем и јавната администрација и отпочнувањето на скрининг процесот со Европската комисија.

Министерот Димитров потенцираше дека ЕУ и НАТО интеграцијата на Република Македонија и подобрувањето на добрососедските односи се главни надворешно-политички приоритети на Владата и во тој контекст, истакна дека поддршка од страна на Данска за европска иднина на Македонија е од исклучително значење.

Министерот Самуелсен го поздрави постигнатиот напредокот на Република Македонија и ја реафирмираше поддршката на Данска за европската и евро-атлантската перспектива на земјата, при што нагласи дека спроведувањето на усвоените реформи е од исклучителна важност за процесот на натамошна интеграција на земјата во ЕУ.

Во рамки на средбата беа разменети мислења и за актуелни меѓународни случувања во ЕУ и глобалната политичка сцена.

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток