Кибер криминал: Нигериец се претставувал како првата дама

Од:

Еден 48-годишен Нигериец се појави пред суд во Лагос, Нигерија, каде одговара поради организирање измами од 20,5 милиони долари претставувајќи се како првата дама на земјата.

Џулиус Анијаву Уче е обвинет по десет точки според Законот за кибер криминал, откако испратил лажни електронски пораки во кои барал пари за хуманитарни програми, и лажно ги потпишувал како Ајша Бухари, сопруга на нигерискиот претседател Мухамаду Бухари.

Тој пред високиот сојузен суд во Лагос се изјасни дека не е виновен, по што му беше одреден притвор до новото рочиште закажано за 18 јануари.

Една студија која минатата година заедно ја спровеле Интерпол и компанијата Тренд микро за активностите во кибер криминалот во Западна Африка, а посебно во Нигерија, покажа голем пораст на бројот на жртви на измами преку Интернет од 132 проценти меѓу 2013 и 2015 година.

Би можело да ве интересира

Хакери влегуваат во сметките на граѓаните, над 5.000 измамнички трансакции за една година во Македонија

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Агенти на тајната единица 29155 вршат сајбер напади во земји членки на НАТО и ЕУ

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Загреб: Хакерите ги оставија пациентите без зрачење, а сега се уште бараат откуп за украдените податоци

Горан Наумовски

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија