Чавушоглу: Можеби ќе побараме ОН истрага за убиството на Кашоги

Од:

Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу синоќа изјави дека Анкара не е во целост задоволна од нивото на соработка со Ријад за истрагата за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, поради што Турција би можела и формално да побара во истрагата да се вклучат и Обединети нации.

Чавашоглу по средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека Турција ги споделила најновите информации за убиството на Кашоги и го повтори ставот на Анкара дека мора да се дознае вистината кој го нарачал убиството на Кашоги во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

Помпео ја бранеше американската поддршка за Саудиска Арабија откако претседателот Доналд Трамп изјави дека Вашингтон останува сигурен партнер на Ријад и покрај убиството на Кашоги.

– САД имаат обврска да применуваат политика која ги зајакнува американските национални безбедносни интереси, посочи Помпео.

Но, тој не одговори дали американските разузнавачки служби имаат информација за тоа кој е нарачател на убиството на саудискиот новинар.

– Не можам да коментирам разузнавачки информации. Кога Америка ќе има информација која е потребна, таа ќе направи се за да ги заштити американските интереси и тоа го правиме секој пат, посочи Помпео.

Претходно Трамп изјави дека САД сакаат да останат „сигурен партнер“ на Саудиска Арабија и покрај тоа што, како што рече, дека саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман можеби знаел за планот за ликвидација на Кашоги.

Убиениот саудиски новинар живееше во САД и пишуваше за Вашингтон пост.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски