Владата со негативно мислење за Предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април

Од:

Владата на денешната владина седница донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април.

„На оваа своја седница Владата донесе негативно мислење за предлог- законот за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 април 2017 година, кој беше доставен од група пратеници во Собранието на Република Македонија“, се вели во соопштението на владината прес-служба.

Претходно, предлог-законот за амнестија го поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Во Собранието е закажана пленарна седница на 26 ноември, на која една од точките на дневниот ред е предлог законот за целосна амнестија за 27 април.

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ