Самсунг работи на Галакси Ес10 со шест камери и 5Г

Од:

Неодамна стана јасно дека Самсунг полага големи надежи на Галакси Ес10 да ги подобри финансиските перформанси на својата мобилна единица и очигледно е зошто е тоа така. Извори на „Волстрит журнал“ откриваат дека Самсунг подготвува сериозна технолошка надградба на јубилејното издание во серијата Галакси Ес10, откако планира да додаде во уредите поддршка на 5Г мрежи, поголеми дисплеи и повеќе камери.

Изданието потврдува дека Самсунг подготвува три варијанти на Галакси Ес10 со дијагонали на екранот меѓу 5.8 и 6.4 инчи, кои ќе се претстават на настан кон средината на февруари. Заедно со ова, компанијата исто така подготвува четврта верзија на паметен телефон со кодно име „Бијонд X“, која ќе поддржува 5Г мрежи. Овој телефон, кој ќе се појави во Кореја и САД во пролет, ќе има 6.7-инчен дисплеј и шест камери – две предни и четири на задниот панел.

Токму овој модел може да биде претставен на настанот во февруари, а пазарната премиера ќе зависи од подготвеноста на операторите да пуштат 5Г мрежи. Изданието пишува и дека компанијата веќе разговарала со „Веризон“, „AT енд T“ и „T-Moбајл“ во САД и со големите корејски оператори за понудата на телефонот, но се уште нема финални решенија. Се разговара и за ексклузивен договор со „Веризон“.

Останатите три варијанти на Галакси Ес10 се со кодни имиња „Бијонд 0“, „Бијонд 1“ и „Бијонд 2“, а според сегашните планови секој од нив ќе има помеѓу три и пет камери. Следната година, исто така, очекуваме смартфон со екран на преклопување на Самсунг, кој може да се нарекува Самсунг Флекс или Галакси Флекс.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска