ЕУ спроведе три истраги против британски судија од ЕУЛЕКС

Од:

Европската унија спроведе три истраги против британски судија, кој служел во Мисијата на Унијата на Косово (ЕУЛЕКС), но не ги открива нивните заклучоци.

Портпарол на ЕУ, кој побарал анонимност, потврди дека дисциплинската комисија завршила три истраги против Малколм Симонс, кој од 2008 до 2017 година беше судија на ЕУЛЕКС. Од 2014, па до минатата година, кога поднесе оставка, Симонс беше и раководител на судиите на Мисијата.

Симонс изјави дека овие постапки се врз основа на тврдења од страна на негови колеги, кои тој ги обвинил, и дека целта на „пристрасната“ истрага е да се фрли сомнеж врз неговата работа.

Мисијата на ЕУ, која е фокусирана на владеењето на правото и борбата против корупцијата, му помага на Косово на патот кон европска интеграција од 2008 година, кога Приштина прогласи независност од Србија.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он