Актуелните состојби во работењето на земјоделските задруги се тема на денешната Трета сесија на Работната група за земјоделство и рурален развој од Националната конвенција за ЕУ во Македонија.
На дебатата се очекува да бидат отворени и прашања поврзани со специфичностите на пристапните преговори за членство во ЕУ во Поглавјето 11.
Ќе учествуваат претставници на институции, земјоделски здруженија, задруги и стручни лица, а најавено е и присуство на директорот на Хрватското задружно претприемништво, Томислав Клариќ, кој ќе ги сподели позитивните практики од земјите-членки на Европската Унија.
Националната конвенција за ЕУ во Република Македонија е форум на експерти и претставници на владини и невладини институции и на граѓанскиот сектор, кој преку дебати помага во забрзувањето на евроинтеграцискиот процес на државите-кандадитки за пристапување во ЕУ и го унапредува преговарачкиот процес, особено во областа на земјоделството и руралниот развој.