„Груевски – ВИП мигрантот на Орбан“ – транспарент на унгарскиот Парламент

Од:

Унгарската Демократска коалиција на зградата на Парламентот во Будимпешта денес истакна транспарент со фотографија на Груевски на која што пишува „ВИП мигрантот на Орбан“. Сликата од транспарентот тие ја споделија и на социјалните мрежи.

Унгарската опозиција денес реагираше на специјалниот третман кој Груевски го добива во Унгарија.

Пратеникот Арато Гергели од Демократската коалиција, меѓу другото праша дали е вистина дека Груевски е сместен во некој од имотите на премиерот Орбан. На ова Шаба Домотор од канцеларијата на премиерот Орбан одговори дека „Груевски легално престојува во Унгарија“.

Би можело да ве интересира

Маѓар: Време е Унгарија да се врати во редовен правен режим

Именувана е новата унгарска влада

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВИДЕО: Медиумскиот магнат од ерата на Орбан ги нуди компаниите на државата, полицијата потврди дека ги истражува

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош