Протестниот караван на опозицијата утре пред Владата

Од:

Опозицискиот Сојуз за иднината најави дека караванот на отпорот го продолжува утре Скопје. Ќе почне во пет минути до 12 часот од три локации во градот, а трите каравани ќе се спојат пред зградата на Владата на Република Македонија. Покрај Скопје, во исто време, слични каравани ќе има и во поголемите градови низ државата.

– Отпорот на граѓаните, нивниот револт, како на улиците на Скопје, така и низ маршевите по градовите низ Републиката е се поголем и поголем. Покрај револтот од укинувањето на демократијата, промоцијата на насилството и одземањето на слободата, граѓаните се помасовно го искажуваат и својот револт од социјалната состојба во која се наоѓаат, сиромаштијата, урнисаниот стандард и најважно, чувството дека им се уништува и иднината, изјави денеска потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски на протестниот караван.

Според него, протестите се резултат на она што се случувало пред, а и на 24 декември, чија позадина, како што рече, се парите. Од една страна, рече, беше СДСМ со својот план за штедење, за запирање на неразумното задолжување и непродуктивното трошење, а од другата страна власта која, како што наведе, одлучила да ги прекрши и законоите, Деловникот и Уставот.

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата