А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Три групи на европратеници идната недела доаѓаат во Македонија

by А1он08/02/2013 - 14:03211
Share0

Известувачот за Република Македонија од Европскиот парламент, Британецот Ричард Ховит, нема да биде единствениот претставник на законодавниот дом на Европската унија што идната недели ќе ја посети Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во периодот меѓу 11 и 17 февруари, во Скопје одвоено ќе пристигнат три групи на членови на Европарламентот со единствена агенда да се обидат да влијаат на смирување на политичките тензии.

Најнапред, како што самиот најави, известувачот Ховит ќе ја посети нашата земја со цел да ја убеди партијата што го напушти Собранието да се врати во пратеничките клупи со цел да не го наруши евроинтегративниот процес на Македонија и да го загрози пролетниот извештај на Европската комисија и очекуваното добивање на датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ во јуни годинава. Заедно со Ховит ќе дојде и летонската европратеничка Инес Ваидере од групата на Европските народни партии (ЕПП).

Втората посета од ЕП ќе биде од страна на групата “Пријатели на Македонија” во Европарламентот. Ќе ја предводи потпретседателот на Европскиот парламент, Ласло Токеш (ЕПП), а со него ќе биде и поранешниот претседател на ЕП, Јержи Бузек (ЕПП), како и Мирослав Миколашик и Жолт Шилаѓи, двајцата пратеници од групата на ЕПП.

Следете a1on на Youtube YouTube

Третата делегација ќе биде посета токму од таборот на Европските народни партии, а нив ќе ги предводи потпретседателката на партијата, холандската европратеничка Корин Вортман-Кол.

eu

Би можело да ве интересира

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Горан Наумовски04/11/2026 - 22:19

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

Горан Наумовски03/11/2026 - 14:12

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он28/10/2026 - 16:09

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Горан Наумовски28/10/2026 - 14:05

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски28/10/2026 - 07:0528/10/2026 - 07:05

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“

Горан Наумовски27/10/2026 - 21:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео