Во Албанија и во Косово расте бројот на заразени лица од вирусот H1N1, познат како свински грип, јави дописникот на МИА.
Според директорот на секторот за здравствена политика во Министерството за здравство на Албанија, Пелумб Пиперо, регистрирани се седум случаи заболени од свински грип, како и пет други случаи заболени од американски грип.
Сепак тој нагласува дека нема место за паника. Сите случаи се под контрола и ниту еден пациент не се наоѓа во животна опасност.
– Нема место за паника, сите случаи се под контрола. Ниту кај еден од пациентите не постои ризик по животот. Од средината на февруари земајва ќе може да биде погодена од епидемија, затоа дадени се сите потребни препораки за преземање потребни мерки, изјави Пиперо.
Во Косово вклучен е алармот затоа што досега се регистрирани 29 заразени од вирусот H1N1. Неодмана од свински грип во Инфективната клиника во Приштина почина 39- годишна жена. И надлежните косовски инситуции смируваат дека место за паника нема.