(ВИДЕО) Арсовски: Фирмата на Анѓушев со државни пари од УЈП си го наплатила долгот од „Фени“ во висина од над милион евра

Од:

Нема ден да помине без скандал на Владата на СДСМ. На повидок е нов скандал кој Владата експресно сакаше да го заташка, каде што медиумите отворија сомнеж, дали вицепремиерот Кочо Анѓушев учествувал во криминал со кој што ја оштетил државата над 1 милион евра или поточно околу 74 милиони денари?, запраша Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Медиумите изминатиот период пишуваа за сомнеж дека се извршила финансиска малверзација во која можно влијание и информации како вицепремиер имал и искористил Кочо Анѓушев. Фирмата „ЕДС“ која беше во негово сопствеништво, со цесија, односно со државни пари од УЈП си го наплатила долгот од „Фени“ во висина од над 1 милион евра, со документ кој е издаден пред датумот на добивање на одобрението. Целото дејствие се случува во текот на летото, во јули месец. Најсимптоматично е што медиумите објавија дека овој договор за цесија се случува пред стечајот на фирмата „Фени индустри“, што алудира на тоа дека Кочо Анѓушев и неговата компанија „ЕДС“ знаеле дека ќе се случи цесијата, рече Арсовски.

Тој праша дали фирмата „ЕДС“ која што тогаш беше на Кочо Анѓушев преку УЈП со државни пари си го наплатила долгот од над 1 милион евра пред „Фени индустри“ да отиде во стечај.

– Чија е одговорноста и како фирмата на Анѓушев можела 16 дена пред издаденото одобрение, истото да го добие со архивски број? Дали на овој начин е зголемена вредноста на „ЕДС“ пред да се продаде на грчкото електростопанство? Дали и колку плус грчки пари зел Кочо Анѓушев поради оваа цесија? Ова не е прв случај каде што Кочо Анѓушев е замешан во сомнителни зделки. Кочо Анѓушев е човек кој што цело време неговото име се поврзува со криминално работење во медиумите, рече Арсовски.

Тој рече дека Анѓушев е човекот за кој грчките медиуми пишуваа дека под сомнителни околности се договорил да ја продаде компанијата „ЕДС“ на грчкото елекстростопанство.

– Впрочем тој е и човекот чии фирми земаа највеќе тендери од државните институции откако е СДСМ на власт. Кочо Анѓушев е пример за човек кој што влезе во политика од лични интереси. Ние предупредувавме за ова. Затоа, што побрзо Кочо Анѓушев и СДСМ си заминат од власта, толку побрзо Република Македонија ќе тргне напред, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски