(ВИДЕО) Жителите на Мислешево: Ова е Македонија и никој нема да го спречи поставувањето на македонското знаме

Од:

[staff name=”Мики Трајковски” position=”Автор”][/staff]
Никој нема да не спречи да го поставиме Македонското знаме, ова е Македонија и ако на некој тоа му пречи тоа не е наша работа, рекоа жителите на струшкото село Мислешево кои во голем број утрово се собраа на почетокот од селото да го искажат својот револт против одлуката на надлежните инспекциски служби кои донеле решение за отстранување на постаментот каде што треба да се постави 25 метарско македонско знаме.

mislesevo (1)

Знамето треба да биде поставено на видно место, веднаш покрај самиот пат Охрид- Струга, но како што велат жителите на приватна парцела сопственост на Ѓорѓи Трифуновски, а не на јавна површина.

„Ова е граѓанска иницијатива на сите жители за да се постави јарбол. Почнавме да градиме сметајки дека редиме државно знаме , а не верско или пак национално и со никакви предрасуди и знамето не е наменето против никого. Ова е државно знаме во државата наша.

– Дојде инспекција и ни рекоа да прекинеме со работа. Но им рековме дека нема да прекратиме бидејки знамето е државно. Им рековме дека има многу диви градби низ градот, срушете ги и нив, а потоа ќе рушиме и ние. Како што се вели Македонското знаме во ОН, зошто да не се вее и овде?Ние ќе го браниме до крај знамето“, рече Стрезо Јовчевски од Месната заедница во Мислешево.

mislesevo (2)

Цела Струга на 28 ноември беше преплавена со албански знамиња и ние не реагиравме, ние не реагиравме ни кога се запали црква во Лабуништа, затоа сакаме да си поставиме наше знаме како што и тие си поставија вели Јовчевски.

„Знамето смета затоа што ова е предградие на Струга и е како трн во око на сите. Ова е симбол на Македонија. Како можат да поставуваат натписи по селата на албански јазик на кои има орли и албански знамиња и никој не ги трга. Бараме од локалните власти на кој начин ги поставија знамињата по тие села“ прашуваат жителите.


Јарболот жителите кои денес на мирните протести ги имаше неколку стотина претежно млади луѓе, најавија дека ќе го постават пред локалните избори.

ФОТО/ВИДЕО – A1on

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга