(Видеоинтервју) Есмеров: ЕУ и САД нема да се мешаат во внатрешните работи на Унгарија

Од:

Поранешниот амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров, во интервју за „Макфакс“ тврди дека се крајно симптоматични тврдењата на премиерот Зоран Заев, кој отвори сомнежи дали експремиерот Никола Груевски бил киднапиран или доброволно заминал од земјава. Тој вели дека Заев треба детаљно да ги образложи овие тврдења за да нема забуни во јавностa.

Мандатот на Есмеров како унгарски амбасадор му заврши на 30 јуни годинава. Тој вели дека односите меѓу Македонија и Унгарија биле многу блиски, особено за време на владеењето на Груевски, не сака да шпекулира дали унгарскиот премиер Виктор Орбан има директно учество во бегството на Груевски и неговото барање на азил, а вели и дека донекаде може да го разбере потегот на поранешниот премиер.

„Не можам да кажам како е можно да ги премине границите со дипломатско возило, но можам да го разберам – потегот е легитимен. Тој е осуден на две години затвор, но границите ги минува легално, со дипломатско возило, во момент кога за него не е распишана меѓународна потерница“, вели Есмеров додавајќи дека ова е прв ваков случај со кој се соочува не само тој туку кој било дипломат од земјава.

Есмеров смета дека случајот е внатрешнополитичко прашање на Унгарија.

„Дали ќе му се овозможи азил или не зависи само од Унгарија и тоа е нејзино внатрешнополитичко прашање. Мислам дека ЕУ и САД нема да се вмешаат во овие прашања“, вели тој.

Со оглед на тоа што Есмеров набргу се враќа во Будимпешта, вели дека доколку Груевски побара, тој би се сретнал со него, иако последнава една и пол година немал никакви контакти со експремиерот и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Во прилог е целото интервју со поранешниот амбасадор на Унгарија.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

Орбан: Унгарија нема да „падне на колена“ пред Украина

Орбан: На Украина ѝ е потребен прекин на огнот, „дипломатите мора да ја преземат контролата од генералите“

Горан Наумовски

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Орбан: Пристапувањето на Украина во Европската Унија може да биде блокирано

Орбан: Лесно би можеле да бидеме вовлечени во трка во вооружување со Русите

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски