Заев: Груевски ќе треба да одговори дали доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран

Од:

Дали Никола Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран. Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори на овие прашања. Редно е како држава јавно да ги поставиме овие прашања, изјави премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата.

„Јасно е дека избегал со дипломатско возило од Унгарија. Сите докази ќе бидат споделени со јавноста, ќе ги предадеме со Унгарија, но и на Европската Унија”, рече Заев.

Сомнежите дека е киднапиран, Заев ги образложи со тоа што Груевски побегнал со димпломатско возило на странска амбасада.

„Секоја амбасада е екстериторијална, таму нашиот систем и полиција неможе да делува таму. Од тој аспект прашувам дали доброволно заминал или бил киднаиран. Одговорот на прашањето ќе разјасни многу работи, вели Заев.

Во врска со бегството на Груевски и информациите кои што се појавија во јавноста, тој потврди дека е точно дека тој преку Албанија и Црна Гора избегал во Будимпешта каде што побарал азил. Но, Заев е дециден дека Груевски „лаже дека имал закани за животот и немало индиции дека ќе бега”.

Во врска со случајот тој вели дека постои добра соработка со албанските и црногорските власти, со кои се разменуваат информации.

Заев не верува дека е можно Груевски да избега во Русија или во Турција, Будимпешта да му е само попатна станица, како што се шпекулира. Тоа, според него, би била огромна неодговорност од страна на Унгарија.

– Ги уверувам граѓаните дека ќе направиме се што е во наша надлежност Груевски да биде екстрадиран и да ја отслужи казната во Македонија. Нема да застанеме додека тоа не се случи. И јавно го поставувам прашањето, дали Груевски доброволно ја напуштил Македонија пред да биде издадена наредбата за неговото приведување пред суд или можеби бил киднапиран. Очекувам Груевски и Унгарија да дадат одговор зашто тука се отвораат други прашања, правото на азил и други околности. По одговорот на ова прашање следуваат сериозни други прашања со дебела суштина, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Унгарскиот опозициски лидер ја обвини Русија за мешање во внатрешната политика на земјата

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Орбан: Единствен разумен потег на лидерите на ЕУ е да започнат самит ЕУ-Русија

Орбан: Потребен е итен самит Русија-Европа за да се стави крај на војната во Украина

Орбан: Брисел ја користи војната за централизирање на власта и изградба на „европска империја“