Здружението на директори на ученичките и студентски домови бара зголемување на партиципацијата која ја добива од државата

Од:

Здружението на директори на ученичките и студентските домови во Република Македонија бара зголемување на партиципацијата за ученик/студент која ја добива од државата.

На денешната средба меѓу Здружението на Директори на ученичките и студентските домови, министерот за образование и наука Арбен Адеми и заменик министерот Петар Атанасов беше разговарано за проблемите во ученичките и студентските домови со фокус за можностите за корекција на средствата кои ги уплатува државата.

На средбата исто така присуствуваа и претставници од кабинетите на премиерот на РМ, министерството за финансии и министерството за информатичко општество.

„За 16 години партиципацијата од министерството за образование и наука претрпе само една измена со зголемување за 10%. Оваа сума ни одблиску не ги покрива трошоците околу сместувањето на учениците/студентите, режиските трошоци и исхраната за учениците и студентите, особено по одлуката на Влада за задолжително средно образование со што се отежна буџетот на студентските и средношколските домови. Станува збор за 26 домови, 18 ученички и 8 студентски домови“ велат од Здружението на директори.

Дополнително Здружението на Директори на ученичките и студентските домови бара партиципацијата да се плаќа 12 месеци од причина што тековните трошоци и плати за вработените се реализираат во текот на целата година.

Здружението на директори на ученичките и студентските домови работат на подобрување на условите во домовите. Затекнатите состојби сепак се на незадоволително ниво па наместо за нови инвестиции се исплаќаат долгови. Наша цел е учениците и студентите да имаат соодветни услови за стекнување на своето образование. Здружението на директори на ученичките и студентските домови секојдневно работи за остварување на тоа.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците