Јужнокорејските власти започнаа со отсtранување на контролните кули долж границата кон Северна Кореја, како дел од напорите за намалување на тензиите во време на затоплување на односите меѓу двете држави, јави ДПА.
Според најавите, до крајот на месецот треба да бидат отсtранети 11 од постојните контролни кули на границата.
Минатата недела двете Кореи повлекоа дел од своите војници и воена опрема од пограничите подрачја.
Ваквите мерки се предвидени со договорот што во септември го постигнаа раководствата на армиите на двете корејски држави.